КАКВО ДЕЈСТВО ИМА МОРКОВОТ ?
Морковот е извонреден извор на бета каротин, многу силно дејствува против ракот, ги штити артериите, го зајакнува имунитетот, антиоксиданс кој делува против инфекции и има широка заштитна моќ. Од истражувањата се знае дека еден морков на ден ги намалува ризиците од мозочен удар кај жените за 68 проценти. Секојдневно внесување количина на бета каротин кој го содржи еден морков со средна големина, за пола го намалува ризикот од рак на белите дробови, дури и кај поранешни страсни пушачи. Големите количини на бета каротин какви што морковот содржи ги намалуваат ризиците од заболување на очите. Влакната што ги содржи морковот се растворливи, го намалуваат холестеролот и го регулираат неговото ниво во крвта.
Напомена : со варење не се уништува бета каротинот, а делумно варење може да помогне организмот полесно да го апсорбира.
Затоа не чекајте !
Започнете да ги применувате овие мали совети за големи промени !
КАКО ДА НАПРАВИТЕ СОК ОД МОРКОВ ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ ?
КАКО ДА НАПРАВИТЕ СОК ОД МОРКОВ ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ ?
No comments:
Post a Comment