КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО СЕ УШТЕ СТЕ СИНГЛ ?
Се чувствувате осамени и постојано се прешувате кога ќе сретнете некој кој ќе ве направи среќни. Се прашувате што е тоа што другите го имаат, а вие не. Зошто другите успеваат да сретнат личност за нив и да изградат љубовна врска, а вам тоа никако да ви успее. Доколку сте силна и успешна жена во кариерата на пример, тогаш време е да размислите и за причините зошто се уште сте сингл.
Основната причина лежи во вашите верувања, убедувања од минатото кои што ве спречуваат да ја живеете сегашноста, но и да ја градите иднината. Со тоа што верувате дека минатото би се повторило, вие сами си ја затворате вратата за да сретнете личност со која ќе изградите здрава љубовна врска. Не се ограничувајте себе си со тоа што постојано ќе ги повторувате пред себе некои од можеби следниве причини :
- тешко се наоѓа слободен маж
- секогаш среќавам помлади момци
- мажите сакаат помлади жени
- сите сакаат да бидат со мене, заради тоа што сум успешна во кариерата т.е. од интерес
- можеби во градот има слободни момци, но ниеден не е за мене, го немаат она што јас го барам
- сите мажи се исти, па сметате дека ќе ви се повтори истото разочарување од претходната врска.
КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ВАКВИТЕ ВЕРУВАЊА ?
- верувањата од минатото не можат да претставуваат апсолутна вистина.
- минатото е минато, па затоа што поскоро ослободете ги вашите мисли и отворете се за нови познанства
- дружете се со широк круг на пријатели и колеги и искористете ја секоја дадена прилика да запознаете нова личност
- откако ќе запознаете нова личност, дајте си шанса подобро да ја запознаете, затоа што првите впечатоци можеби ќе ве залажат да донесете одлука дека тој не е за вас.
- фразата дека сите мажи се исти и дека ќе ви се преслика разочарувањето од претходната врска се апсолутно неточни. Секој си е личност за себе со свои карактеристики по кои се разликува од сите други милијарди луѓе на нашава планета.
- не го барајте претходниот во новата врска, само за да бидете во право дека сите се исти. Прашањето што треба да си го поставите е : дали сакате да бидете во право или сакате да бидете среќни ?
- Сигурно сте слушнале за изреката дека за секое тенџерче постои и соодветно капаче. Бидете заинтересирани за секој што е заинтересиран за вас, за да можете подобро да го запознаете
- пристапете кон секоја нова личност ослободени од претходно направен шаблон за тоа како треба да изгледа личноста што вие ја барате. Можеби ќе се изненадите од тоа дека и други нешта би ве направиле среќни, а вие не сте размислувале за нив
- живејте без предрасуди и зграпчете го секој момент кој ви го нуди сегашноста за да можете да изградите возбудлива иднина
Љубовта е единствената движечка сила што не води во животот и прави да се чувствуваме вредни, исполнети и среќни.
Затоа верувајте во љубовта и започнете да ги применувате овие мали совети за големи промени !
" ВИЕ ЌЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА СТЕ ЗАЉУБЕНИ, ТОГАШ КОГА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ЗАСПИЕТЕ, БИДЕЈЌИ РЕАЛНОСТА КОНЕЧНО Е ПОУБАВА ОД ВАШИТЕ СОНИШТА "
- DR. SEUSS -
No comments:
Post a Comment