КАКО ДЕЛУВА КАФЕТО ВРЗ НАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ?
Кафето
е моќен напиток кој на милиони луѓе им причинува особено задоволство.
Познато е дека кофеинот делува на психата има способност да го подобри
расположението. Многумина што конзумираат кафе можеби и незнаат за
неговата корисност, доколку тоа го прават во разумни количини. Кафето ни
дава енергија кога сме мрзеливи односно безволни, делува како
стимуланс, ја подобрува концентрацијата, а помага и за подигнување на
расположението или блага форма на депресија која не е потребно да се
лекува со други лекарства. Затоа воопшто не е чудно, што толку многу
луѓе во светот уживаат да пијат кафе.
Лукот е чудотворен природен лек. Тој од дамнешни времиња се
користел како лек за низа заболувања. Лукот е докажан антибиотик со
широк спектар, кој делува на бактериите, цревните паразити и вирусите.
Го снижува крвниот притисок и холестеролот во крвта .
No comments:
Post a Comment