ИЗГОВОРИ КОИ ШТО ЛУЃЕТО ГИ КОРИСТАТ ЗА ДА ЈА ОПРАВДААТ СВОЈАТА ПАСИВНОСТ
- Јас неможам тоа да го направам !
Овие зборови кои си ги кажувате
постојано себе си и на другите како изговор дека нешто не сте во
состојба да направите постојано одекнуваат во вашите мисли. Обидете се
да ги потиснете овие мисли и тргнете напред кон целта. Вистина е дека
вашите сомнежи можат да изградат препреки големи како планини, но вашата
самодоверба е таа која што може и сигурно ќе ги помести тие планини. Од
вас зависи во што ќе верувате.
ХРАБРИТЕ ГИ ПРАТИ СРЕЌА !
НАПРАВЕТЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР!
Што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите соништа ?
Дали можеби сметате дека тоа се одредени околности кои што ве попречуваат да ги остварите вашите желби и посакувани нешта ?
Чекате да се променат околностите т.е. да дојдат подобри времиња ?
Дали се работи за некои стравови кои што влијаат на вас ?
Стравови
кои вие дури и не ги препознавате, но дури и кога ќе препознаете
одредени стравови, дали ќе сте во состојба да ги потиснете и да ја
промените состојбата односно да направите ХРАБАР ИЗБОР ?
Не дозволувајте тие да ве попречат во остварувањето на посакуваните цели !
No comments:
Post a Comment