Thursday, October 17, 2013

КАКО ДА ГИ ОСТВАРИТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА ?



ХРАБРИТЕ ГИ ПРАТИ СРЕЌА ! 
 НАПРАВЕТЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР!


Што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите соништа ?
Дали можеби сметате дека тоа се одредени околности кои што ве попречуваат да ги остварите вашите желби и посакувани нешта ?
Чекате да се променат околностите т.е. да дојдат подобри времиња ?
Дали се работи за некои стравови кои што влијаат на вас ?
Стравови кои вие дури и не ги препознавате, но дури и кога ќе  препознаете  одредени стравови,  дали ќе сте во состојба да ги потиснете и да ја промените состојбата односно да направите ХРАБАР ИЗБОР ?
Не дозволувајте тие да ве попречат во остварувањето на посакуваните цели !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ПРЕЗЕМЕТЕ АКЦИЈА ДЕНЕС !




  1. Најпрво променете го аголот на гледање на нештата кои што ве опкружуваат и кои што внатрешно ве оптеретуваат.
  2. Направете анализа на тоа што добивате, а што би изгубиле со преземањето на одреден храбар избор во правец на остварување на вашите замислени цели. 
Со непреземање акција вие би останале на истата ситуација, што значи заробени од вашите стравови, но погледнете ги нештата и од друг аспект. Доколку дејствувате и преземете акција , состојбата би можела да се промени во насока на остварување на вашите соништа. Значи вие кога треба да преземете нешто доколку секогаш им давате приоритет на ризиците, а придобивките ги минимизирате , тогаш неминовно дека стравот ќе ве попречи во остварувањето на посакуваниот напредок. Доколку вие размислувате на ваков начин ќе се соочите со недостиг на мотивација за да ги победите вашите стравувања од неуспех.
      3. Откријте од што точно стравувате. Потоа колку што можете погледнете со оптимистички очила. 
      4. Потенцирајте ги позитивните придобивки.
Истакнувајќи ги негативностите самите создавате слика дека позитивните придобивки се помалку вредни и заедно со разноразни изговори за околностите во кои што се наоѓате не допринесувате за остварување на вашите посакувани цели.
       5. Откако ќе направите анализа за ризиците VS придобивките ќе добиете јасна слика за тоа што треба да правите понатаму. Важно е да не дозволите не реални причини и стравови да одлучат наместо вас.

Каков и да биде вашиот избор запомнете, не постои човек кој не чувствува одредена несигурност, но треба да чекорите ХРАБРО, на патот кон успехот, затоа што 


ХРАБРИТЕ ГИ ПРАТИ СРЕЌА !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ







No comments:

Post a Comment