Tuesday, October 29, 2013

НЕШТА КОИ ВИСТИНСКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НИКОГАШ НЕ ГИ ПРАВАТ !




ШТО ПОДРАЗБИРА ВИСТИНСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО ?


Пријателството претставува интер персонална врска помеѓу две или повеќе личности. Тоа е врска која се базира на одредена наклонетост, меѓусебно почитување, толеранција, искреност, помагање, заеднички интереси за одредени нешта и др.
Пријателите се нашето богатство, затоа пријателството треба да го негуваме. Богат си онолку колку што имаш пријатели.
Вистинските пријатели ќе бидат со нас и кога не грее сонце и кога ни леат дождови.



Има нешта кои што вистинските пријатели, никогаш не би ви ги направиле.

Се прашувате кои се тие нешта ! 

  • Никогаш нема на ироничен или саркастичен начин да ви забележуваат за вашите одредени недостатоци. Вистинскиот пријател ќе ве прифати точно онакви какви што сте, затоа што никој не е совршен. Вистинскиот пријател треба да ги истакнува вашите квалитети, а никогаш вашите недостатоци дури и кога тоа го прави во задскриена форма на забелешка.
  • Никогаш нема да се дистанцираат од вас кога минувате низ одреден тежок период од животот, со изговор како се презафатени и немаат воопшто слободно време, а кога се наоѓате во стабилен период тие секогаш се блиску до вас и им годи вашето друштво. Тоа покажува дека постои само едностран интерес и искористување .Вистинскиот пријател никогаш не би се однесувал така.Ваквото пријателство стои на стаклени нозе кои можат во секој момент да се скршат и пријателството да заврши.

"ПРОМЕНЛИВАТА СРЕЌА ЈА ТЕСТИРА ЛОЈАЛНОСТА НА ПРИЈАТЕЛИТЕ."

                                                                                                          - CICERO - 

  • Никогаш нема да ве омаловажува, со цел себе си да се истакне во одредено друштво на пријатели или колеги.Вистинските пријатели треба меѓусебно да се почитуваат и да го негуваат пријателството, а воедно и квалитативно да го унапредуваат. Со секој изминат ден, меѓусебното почитување и взаемната доверба треба да се зголемува.Оној кој ја користи секоја прилика за себе истакнување, неможе да биде ваш пријател.
  • Никогаш нема да ги руши вашите амбиции, нема да ве одвраќа од тоа да ги искористите сите ваши расположиви потенцијали за да постигнете напредок во вашиот живот.
  • Никогаш нема да ве обесхрабрува кога вие имате некоја ваша замисла и ваша цел до која сакате да стигнете.Вистинскиот пријател никогаш не би ви бил пречка на патот до успехот.
  • Никогаш нема да ве враќаат во минатото, постојано повторувајќи ви ги грешките кои некогаш сте ги направиле. Вистинскиот пријател секогаш ќе ги прифати промените во вашиот живот и ќе разбере дека вашите грешки од минатото се една фаза од животот која вие успешно сте ја надминале. Оној  кој тешко ги прифаќа промените кај другиот не може да биде ваш пријател.
  • Никогаш не го зборуваат само она што вие сакате да го слушнете. Тие задскривајќи ја вистината за тоа што навистина мислат, не ве почитуваат вас, туку тоа го прават од свои сопствени интереси.Оној кој на пријателството гледа како на нешто од што може да извлече некаква корист и постојано калкулира и манипулира со вас, не може да биде ваш пријател.
  • Никогаш не би се однесувал така како да ги знае решенијата за сите ваши проблеми, па од едни проблеми ве турка во нови. Примете совет, но секогаш послушајте го вашето срце и душа, и донесете своја сопствена одлука. Не дозволувајте други да ви кажуваат што да правите и да одлучуваат во ваше име. Вистински пријател е оној кој е со вас кога ви е тешко и знае да ве ислуша и да ви даде вистинска поддршка да истраете.Пријател кој постојано мудрува и смета дека ги знае одговорите за сите ваши проблеми, а вие сте тој кој ништо не знае, не може да биде ваш пријател.
  • Никогаш нема да ве користи само за свои сопствени интереси, а кога интересот ќе заврши ќе заборави на вас.За да не дозволите вакво нешто да ви се случува , треба да поставите јасни граници за тоа што прифаќате или не прифаќате во пријателскиот однос. Пријателите кои вака се однесуваат со вас, не можат да бидат ваши пријатели, и за да секој нареден пат не се почувствувате искористени и отфрлени, потребно е да се ослободите од нив.
  • Никогаш нема да ве контролираат и никогаш нема да навлегуваат во оној дел од вашата интима, кој вие не сакате да го споделувате.Оној кој постојано ја нарушува вашата приватност и бара од вас детали за се што ви се случува во вашиот живот, неможе да биде ваш пријател.
  • Никогаш нема да ви наметнуваат свои правила, навики и модел на однесување. Никогаш нема да ви наметнуваат стресни обврски.Вистинскиот пријател никогаш нема да се однесува така да вие го чувствувате како товар кој го носите на грб. Пријателството подразбира слобода. Пријателот кој постојано ви наметнува обврски кои за вас се стресни неможе да биде ваш пријател.
 
 "ПРИЈАТЕЛ ВИ Е ОНОЈ КОЈ ВИ ДАВА ТОТАЛНА СЛОБОДА ДА БИДЕТЕ, ОНОЈ КОЈ ВСУШНОСТ СТЕ."

                                                                                                  - JIM MORRISON -
    




No comments:

Post a Comment