ЧУДОТВОРНОТО ДЕЈСТВО НА ЛУКОТ
Лукот е чудотворен природен лек. Тој од дамнешни времиња се користел како лек за низа заболувања. Лукот е докажан антибиотик со широк спектар, кој делува на бактериите, цревните паразити и вирусите. Го снижува крвниот притисок и холестеролот во крвта . Две или три че шниња на ден кај срцевите болни за половина ги смалува можностите за нови срцеви напади. Содржи повеќе антиканцерогени супстанци и антиоксиданси. Лукот е храна која има силно дејство во спречување на рак. Тој е добар лек за настинка. Го намалува отокот на слузокожата, го поттикнува искашлувањето, делува против спазма и воспаление.Го јакне имунитетот и има естрогенско и диуретско дејство. Го подобрува расположението и има благо смирувачко дејство.
За да биде делотворен против бактериите подобро е да се конзумира сиров. Како борец против ракот, сировиот или закиселен лук може да делува подобро од варениот, сметаат некои експерти.
За повеќекратна заштита јадете го лукот и сиров и варен.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment