КАКО ДЕЛУВА КАФЕТО ВРЗ НАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ?
Кафето е моќен напиток кој на милиони луѓе им причинува особено задоволство. Познато е дека кофеинот делува на психата има способност да го подобри расположението. Многумина што конзумираат кафе можеби и незнаат за неговата корисност, доколку тоа го прават во разумни количини. Кафето ни дава енергија кога сме мрзеливи односно безволни, делува како стимуланс, ја подобрува концентрацијата, а помага и за подигнување на расположението или блага форма на депресија која не е потребно да се лекува со други лекарства. Затоа воопшто не е чудно, што толку многу луѓе во светот уживаат да пијат кафе.
Доволна е само една шоља кафе наутро , за да ве подигне и да ви го поправи расположението.Правени се разни истражувања за тоа како делува кофеинот. Доктор Baum професор на воениот медицински универзитет , Мериленд, вршел истражувања со помош на слепи тестови на 48 големи уживатели на кафе. Оние утра кога испитаниците добивале кафе или чај без кофеин, се разбира без тие да знаат за тоа, тие биле мрзеливи, нервозни, безволни, се жалеле на главоболка и лошо ги завршувале задачите кои што барале вклучување на ментална активност. Оние денови пак кога без нивно знаење им е давано кафе со кофеин, тие биле подобро расположени, помалку напнати, а покажувале и подобра ментална способност.
ВНИМАВАЈТЕ !
ПРЕМНОГУ КОФЕИН МОЖЕ ДА ВИ ГО РАСИПЕ РАСПОЛОЖЕНИЕТО, ДА ВЕ НАПРАВИ НАПНАТИ И НЕРВОЗНИ, НО ОВА ЗАВИСИ ОД ТОА СЕКОЈА ИНДИВИДУА КАКО ЈА ПОДНЕСУВА ОВАА СУПСТАНЦА.
Значи : Малите дози може да ви го подобрат расположението и работните способности, а големите дози кафе може да бидат штетни за вашата психичка и општа состојба.
"АХ, КАФЕ. СЛАДОК МЕЛЕМ КОЈ ЌЕ НИ ПОМОГНЕ ДА ГИ ИЗВРШИМЕ СИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА ДЕНЕС."
HOLLY BLACK, IRONSIDE
No comments:
Post a Comment