КОЈА Е УЛОГАТА НА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО ?
Улогата на жената во секое општество е повеќе значајна, гледано во еден поширок контекст на нештата кои што сите нас длабоко не засегаат.
Правата на жените треба и мора постојано да се унапредуваат. Тие не се и не смеат да бидат категорија која што еднаш за секогаш е регулирана. Легислативата која што ја уредува оваа материја треба постојано да се подобрува и да се менува во таа насока црпејќи искуства од земјите каде што правата на жените се наоѓаат на едно многу позавидно ниво. Пример за такви земји се Шведска, Исланд, Франција и др.
Повеќе значајната улога на жената во едно општество се огледа во тоа што, таа освен биолошката природа да биде мајка има и други не помалку значајни улоги кои се од голема важност за секоја жена, но и за целокупното општество.
Унапредувањето на правата на жените не смее да се евалуира само низ бројки. На тој начин се задоволуваме само квантитативно, но неможе да стане збор и за квалитет. Со исполнувањето на квотите за учество на жените во политиката се добива само нивно бројчано присуство, но кога станува збор за квалитативно унапредување на женските права тие , женските пратенички забораваат всушност која е нивната улога во политиката и во општеството.
Дали е доволна декларативната заложба за подигање на наталитетот во општеството ?
Секако дека не !
Зошто ?
Зошто ?
Затоа што за да стане збор за зголемување на наталитетот на населението, жената треба да го завземе нај високото место на листата на приоритети во едно општество, односно со менување на политиките да ја добие вистинската улога како општествен чинител од кој што зависи целокупниот напредок на заедницата.
Жената за да може да балансира помеѓу сите улоги кои ги има, а при тоа ниедна во кои што е инволвирана да не трпи последици, потребно е жената во општеството да се чувствува сигурно, безбедно, ценето, слободно, заштитено, да има право на избор ...................
Жената за да може да балансира помеѓу сите улоги кои ги има, а при тоа ниедна во кои што е инволвирана да не трпи последици, потребно е жената во општеството да се чувствува сигурно, безбедно, ценето, слободно, заштитено, да има право на избор ...................
Како ова и многу повеќе да стане реалност ?
Еден од одговорите на ова прашање е со менување на позитивното законодавство во правец на негово усогласување со позитивното законодавство на ЕУ, но само ова не е доволно. Потребна е и негова правилна имплементација, за да не би биле овие закони само голо слово на хартија. Понатаму е потребна постапна промена на перцепцијата за жената, која што нај прво треба да започне од секоја жена како индивидуа, па понатаму во нивно здружување и заеднички настап пред институциите, каде што ќе бараат унапредување на женските права.
Бидејќи ние се уште сме општество каде робуваме на стереотипи, каде секојдневно сме осудувани за одредени наши постапки, како во семејните односи, на работните места, во политиката, како и во секојдневието, почетокот на промените треба да започне од секоја жена како индивидуа, да има јасен и недвосмислен став за сите сегменти од општествениот живот.
Добро организираното општество и улогата на жената во него, се во директна корелација.
Само општество кое почива на здрави основи е општество кое што може на жената да и понуди конкретна, а не само декларативна заштита, сигурност, слобода, право на избор, среќа итн.
Само на тој начин жената ќе може да се реализира себе си во правата смисла на зборот, а во едно да ја завземе и вистинската улога во македонското општество, улога на општествен чинител во насока на подобрување на општествените текови.
"ПРЕД СЕ, БИДЕТЕ ХЕРОИНА НА ВАШИОТ ЖИВОТ, А НЕ ЖРТВА."
- NORA EPHRON -
No comments:
Post a Comment