СОСТОЈКИ
800 гр. свинско филе, 240 гр. фета сирење,80 гр. суви сливи, 80 гр. суви смокви, малку сол, малку толчен бибер
За сос : 200 ml црвено вино, малку мајчина душица, 10 гр. мед и малку путер.
ПОДГОТОВКА
Исечете го свинското филе по должина и додадете сол и бибер. Кратко потопете ги сувите сливи и смокви во вода, па помешајте ги со фетата и филувајте го филето. Замотајте и ако е потребно, прикачете со чепкалки. Посолете и посипете со бибер и пржете на тава од двете страни. Сварете го црвеното вино да испари алкохолот, додадете сол, бибер и мајчина душица, како и малку мед по вкус. Кога ќе тргнете од оган, додадете коцка путер. Прелијте го месото и ставете го во загреана рерна на 200 степени да се подпече 20-30 минути.
ДОБАР АПЕТИТ !
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment