КАКВИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ФИЗИЧКОТО КАЗНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА?
Одреден број родители се уште сметаат дека ќотекот излегол од рајот. Тие воопшто не го ни поставуваат прашањето, дали физички да го казнат сопственото дете или не, сметајќи дека со тоа градат родителски авторитет, воопшто несвесни за последиците што физичкото казнување ги предизвикува.
Многу од децата во некој период од нивниот живот физички се казнувани. Истражувањата на универзитетот Колумбија покажале дека физичкото казнување доведува до одредени проблеми во однесувањето во иднина. Истражувачите откриле дека децата кои физички се казнувани во раното детство, се со поголема веројатност на поголеми години да се однесуваат агресивно и да имаат посиромашен вокабулар, за разлика од нивните врсници кои не се физички казнувани.Се уште многу родители неможат да прифатат дека физичкото казнување е лошо за децата . Тоа е најверојатно така, затоа што и тие имале такво искуство како деца, па тоа несвесно го применуваат на своите како воспитна мерка.
"ДЕЦАТА НА ПОЧЕТОКОТ ГИ САКААТ СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, КАКО ШТО РАСТАТ И СЕ ПОВОЗРАСНИ ТИЕ ИМ СУДАТ, А ПОНЕКОГАШ ИМ ПРОСТУВААТ."
"ДЕЦАТА НА ПОЧЕТОКОТ ГИ САКААТ СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, КАКО ШТО РАСТАТ И СЕ ПОВОЗРАСНИ ТИЕ ИМ СУДАТ, А ПОНЕКОГАШ ИМ ПРОСТУВААТ."
OSKAR WILDE
No comments:
Post a Comment