КИВИ КОЦКИ
СОСТОЈКИ
300 гр. бисквити, 0,5 l млеко (плус малку млеко за потопување) , 5 лажици брашно, 100 гр. шеќер, ванилин шеќер, 150 гр. маргарин, 4 киви, шлаг и пудинг од ванила.

ПОДГОТОВКА
Изматете го брашното со малку млеко. Во остатокот од млекото додадете шеќер и ванилин шеќер, па ставете да зоврие. Сварете пудинг. Пенасто изматете маргарин, додадете лажица по лажица од оладениот пудинг со постојано мешање. Половината од бисквитите потопете ги во млеко и наредете ги на тацна. Преку бисквитите намачкајте половина од филот, а одозгора наредете две киви исечени на кругови. Премачкајте со другата половина од филот, па наредете бисквити натопени во млеко. На крајот изматете шлаг и со него премачкајте го целиот колач. Кога ќе омекне, исечете го на коцки, па на секоја коцка ставете ги на кругови исечени останатите киви.
ДОБАР АПЕТИТ !

No comments:
Post a Comment