Wednesday, October 16, 2013

КАКО ДА ГО ЖИВЕЕТЕ ЖИВОТОТ СО ПОЛНА ЕНЕРГИЈА ?


ФИЛОЗОФИЈА НА ЖИВЕЕЊЕ
 Животот е како река , која понекогаш има мирен тек, понекогаш жубори, а понекогаш понира.  Како што на реките и на растенијата им е потребен дожд така и на луѓето, но сосем поинаков: надеж, вера,причина да се живее. Во спротивно дури и кога телото продолжува да живее, душата свенува.
 Смислата на твојот живот е тоа што ти секојдневно го преземаш.
 Животот се состои од избор и одлуки кои што понекогаш ти носат привилегии, а понекогаш мора да се соочиш со непријатни последици.
ИЗБЕРИ ЖИВОТ !
НАПРАВИ ПРОМЕНИ И ЖИВЕЈ ГО ЖИВОТОТ
  СО ПОЛНА ЕНЕРГИЈА !
  1.  Секој ден е нов почеток за тебе , затоа не чекај  направи  го вистинскиот избор!
  2.  Прифати нови предизвици, истражувај, посетувај нови места, затоа што животот е повозбудлив со авантури!
  3.  Сакај те се себе си ! Фокусирај те се на својата надворешна и внатрешна убавина. Никогаш не се фокусирај те на нештата кои не ви се допаѓаат кај себе !
  4. Поставете си цели во животот и движете се кон нив со разумни чекори!
  5. Поставете остварливи цели во зависност од вашите способности и таленти !
  6. Секогаш погледнете на светлата страна на животот. Мислете позитивно, и позитивни нешта ќе ви се случуваат. И запомнете дека во секое добро има и зло, а во секое зло има и добро.
  7. Бидете доследни на себе !
  8. Не се навраќај те  често на минатото ! Не грижете се за грешките што сте ги направиле туку учете од нив, за да не ги повторувате.
  9. Не грижете се за минатото бидејќи тоа го нема, не грижете се за иднината бидејќи таа допрва треба да дојде . Живејте денес ! 

No comments:

Post a Comment