Saturday, October 19, 2013

ШТО Е ТОА ШТО ВЕ ПРАВИ ИНФЕРИОРНИ ?




ЧУВСТВО НА ИНФЕРИОРНОСТ


ШТО Е ТОА ИНФЕРИОРНОСТ ?




Инфериорноста е една состојба која буди во нас непријатни чувства. Тоа е состојба која прави да мислиме и да чувствуваме дека ние сме помалку вредни од другите луѓе .
Природата на човекот е тој постојано да се споредува со другите. Затоа тој поседува еден природен натпреварувачки дух кој што води кон цивилизациски напредок, но тоа воопшто не значи дека треба да се споредуваме со секој и секого. Доколку вие се споредувате со луѓе кои се веќе докажани интелектуално, финансиски итн. и тоа во светски рамки и во вашата околина, неминовно дека ќе се чувствувате инфериорно.Вие треба оваа лоша споредба да ја отфрлите со констатација дека воопшто ваква споредба не ви е од корист, туку може само да ви наштети.Нема да имате никаква корист од тоа ако, на пример се споредувате со Ангела Меркел и слични на неа, но вие треба да бидете реални во вашите согледувања, кој се вашите  квалитети кои што ги поседувате, и можете да се споредувате со луѓето кои што се на приближно исто ниво со вас.Понекогаш вие самите можете да се доведете во заблуда дека сте помалку вредни од другите, но треба вашите размислувања и заклучоци да имаат рационална основа.
Мислам дека корените на инфериорноста потекнуваат уште од нашето нај рано детство. Сметам дека никој од нас не се раѓа со инфериорен комплекс, туку тој се стекнува со текот на годините на живеење и зависи од тоа што ние восприемаме од нашата непосредна околина. Доколку уште од нај раното детство вие сте изложени на нај различни критики и споредби со другите деца како од страна на вашите родители, наставници, роднини и сите останати чинители на вашиот живот, тогаш чувството на инфериорност бидете сигурни нема да ве одмине, но ваквото чувство треба да се борите да го надминете. Се прашувате како ?

Предлозите следат во следниот пост со наслов
КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЧУВСТВОТО НА ИНФЕРИОРНОСТ?  



No comments:

Post a Comment