КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕПРЕСИЈАТА КАЈ МЛАДИТЕ ?
Депресијата кај младите односно тинејџерите може да биде сериозен здравствен проблем, кој што во некои случаи неможе да помине само со јака волја, туку бара соодветен лекарски третман. Депресијата иако може да се јави во било кој момент од животот, постои разлика во симптомите помеѓу возрасните и тинејџерите. Карактеристично за депресијата кај тинејџерите е тоа што се појавува чувство на тага кое е константно и се губи интерес за било каква активност. Депресијата влијае на нивното мислење, однесување, а може да предизвика и емоционални, функционални и физички проблеми, истакнуваат психолозите. Одредени проблеми со кои што се соочуваат младите, како на пример, притисок од врсниците, неуспехот на училиште додека од нив се очекува успех, пубертетот и со тоа промени во физичкиот изглед, може да предизвикаат бура во емоционалниот живот кај младите. Кај некои тоа ќе биде минлива фаза од животот, додека кај други тоа ќе бидат знаци на кој ќе мора да се обрне внимание и да се реагира. Депресијата бара долготрајно лечење.
ЗНАЦИ ПО КОИ ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕПРЕСИЈАТА
КАЈ ТИНЕЈЏЕРИТЕ
1. ЕМОЦИОНАЛНИ ПРОМЕНИ
- чувство на тага и плачење без причина
- губење интерес за пријателите и семејството и чести конфликти со нив
- чувство на безвредност и вина
- губење интерес за било каква активност
- проблеми со концентрацијата
- раздразливост, фрустрација
2. ПРОМЕНИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО
- губење на апетит или зголемена желба за јадење
- премалку или премногу сон
- употреба на алкохол или дрога
- умор
- слаб успех на училиште или пак чести изостаноци
- запуштен изглед
- самоповредување
- многу чести жалења на болки во телото и главоболки
- забавено размислување, говор или движења на телото
- чести размислувања за самоубиство
За лекување на овие симптоми на депресија кај тинејџерите, неопходно е да посетат психијатар или психолог за да бидат правилно третирани и излечени !
No comments:
Post a Comment