Monday, October 21, 2013

ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИ СО ПРЕЛИВ




СОСТОЈКИ


250 гр. чоколадо, 6 јајца, 250 гр. шеќер, 315 гр. печени и крупно сецкани лешници, лажица рум
ЗА ПРЕЛИВ: 100 гр. бело чоколадо, 50 гр. путер



ПОДГОТОВКА

Чоколадото издробете го на коцки во огноотпорен сад, а него ставете го во тенџере наполнето со вода. Варете го чоколадото на пареа, со постојано мешање, додека не се растопи.Тргнете од оган и оставете да се олади. Матете ги жолчките со шеќерот додека смесата не стане целосно густа. Потоа додадете растопено чоколадо, лешник кој е предходно испечен и крупно исецкан и рум. Потоа измешајте со цврсто изматени белки, со дрвена лажица. Истурете го тестото во подмачкана округла модла, со дијаметар 23 cm и печете 50 минути на 190 степени. Оставете го колачот во модлата да се олади, потоа извадете. Непосредно пред служење посипете го колачот со шеќер во прав.
ЗА ПРЕЛИВ : Добро измешајте бело чоколадо и путер, а потоа нежно со шпатула нанесете преку колачот или формирајте топчиња кои ќе ги служите со исечени парчиња колач.


ДОБАР АПЕТИТ !

No comments:

Post a Comment