ЧУВСТВО НА ИНФЕРИОРНОСТ
Инфериорноста е една состојба која буди во нас непријатни чувства. Тоа е состојба која прави да мислиме и да чувствуваме дека ние сме помалку вредни од другите луѓе, но ваквото чувство на инфериорност треба да се борите да го надминете.
СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЧУВСТВОТО НА ИНФЕРИОРНОСТ !
ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ !
Инфериорноста е една состојба која буди во нас непријатни чувства. Тоа е состојба која прави да мислиме и да чувствуваме дека ние сме помалку вредни од другите луѓе, но ваквото чувство на инфериорност треба да се борите да го надминете.
СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЧУВСТВОТО НА ИНФЕРИОРНОСТ !
ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ !
1. Нај прво треба да откриете во однос на што и на кого сте инфериорни. Откако ќе го сторите ова, потоа треба да се запрашате дали сликата што некој ја остава за себе е реална. Многу често не е таква, но за вас таа личност претставува репер за споредба.
2. Потоа направете кратка анализа за тоа кои се вашите предности во однос на таа одредена личност со која што се споредувате. Таа личност е добра во одредени работи, но сигурно дека ни вашиот список нема да биде кус. Ни една личност не е толку совршена како тоа што навидум ви се чини. Секоја личност има свои слаби и свои јаки страни. Секогаш потенцирајте ги вашите јаки страни.
3. Секогаш бидете она што сте. Не се обидувајте да бидете некој друг. Затоа што тоа едноставно не е возможно . Вие можете да го дадете најдоброто од себе само доколку дејствувате во склад со вашите квалитети кој што ги поседувате . Споредбата може да биде од корист само во смисла на натпреварувачки дух кој ве турка напред кон нови успеси и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
4. Дозволете си да бидете различни од другите. Живејте во согласност со општо прифатените општествени вредности, но секогаш правете го само она што вие вистински го сакате и го прифаќате во согласност со вашите желби и потреби, а не само затоа што другите така прават.
5. За да ова чувство на инфериорност не ве обземе целосно и на некој начин да ве парализира , односно вашите емоции да ги разниша до таа мера да не бидете во состојба нормално да функционирате, вие треба вашата самодоверба да ја зајакнете, а чувството на инфериорност да го потиснете правејќи нешта со кои ќе ги истакнете вашите квалитети и ќе дејствувате во средината каде во тој момент припаѓате, се разбира очекувајќи потврда за вашите квалитети и успеси !
И НА КРАЈОТ ЦЕНЕТЕ СЕ И САКАЈТЕ СЕ СЕБЕ СИ, САМО ТАКА ЌЕ УСПЕЕТЕ ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЧУВСТВОТО НА ИНФЕРИОРНОСТ !
No comments:
Post a Comment