Wednesday, October 23, 2013

КАКО ДА ГО МОТИВИРАТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ?



ДАЛИ ДЕЦАТА СЕ МРЗЛИВИ ПО ПРИРОДА ?


ДЕЦАТА ПО СВОЈАТА ПРИРОДА НЕ СЕ И НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ МРЗЕЛИВИ !


Ако вашето дете изгледа мрзливо и не си ги извршува своите обврски тогаш најверојатно тоа е знак дека нешто не во ред.

ШТО БИ МОЖЕЛО ДА БИДЕ ТОА ?

Само едно нешто може да предизвика мрзеливост кај вашето дете, а тоа е :

НЕДОСТИГ НА МОТИВАЦИЈА!

Детето кое што на изглед е мрзеливо е само демотивирано дете. Демотивираното дете чувствува страв при помислата од неуспех, и тоа не прави ништо за да го избегне неуспехот.
Ние како родители секогаш треба да се обидеме да ги мотивираме нашите деца, а кога ќе почувствуваме одредена мрзеливост кај нив да се обидеме да го дознаеме изворот на демотивацијата.
Најчеста причина за мрзеливост е недостиг на самодоверба или многу ниско ниво на самопочитување кај децата.
За разлика од демотивираните деца, децата со висока самодоверба и самопочит се високо мотивирани да постигнат успех.




ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ КАКО ДА ГО МОТИВИРАТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ

  1. Доколку вашето дете не си ги извршува своите обврски и се однесува неодговорно, тогаш вие она што треба да го направите е да го казните. Никогаш не казнувајте го вашето дете одземајќи му ги нештата кои му се неопходни за раст и развој, како на пр: храна, облека и други основни потреби на детето, но на пример забрана за гледање телевизија, играње видео игри, мобилни телефони и сл. не се неопходно потребни, а на вашето дете толку многу му значат. Можете овие нешта да му ги понудите како привилегија која што треба да ја заработи, или доколку веќе ги има овие нешта и ужива во нив, а одбива да ги изврши своите обврски, да му ги одземете, па потоа да му дадете шанса повторно да си ги добие назад, доколку е одговорно кон своите обврски.

  2. Извор на  мотивација за вашето дете може да бидат, искажаните пофални зборови од ваша страна, секогаш кога детето ќе заврши некоја своја обврска. Пофалните зборови искажани од вас, може да влијаат позитивно за зајакнување на самодовербата на вашето дете.
Дајте му до знаење на вашето дете дека е во ред тоа да не успее некогаш, па и повеќе пати, но не е во ред постојано да не прави ништо и да бележи постојани неуспеси. Споделете со вашето дете некој од вашите неуспеси за да тоа преку пример увиди дека неуспехот постои и дека не му се случува само нему.

  3. Бидете посветен родител и секое слободно време поминувајте го квалитетно со вашето дете, за да тоа не почувствува недостиг од внимание кое што би го надополнило со мрзеливост. 
Детето може да биде мрзеливо, поттикнато од внатрешните и надворешните влијанија  кои што допринесуваат тоа да биде неактивно односно демотивирано. Значи важна е животната средина во која што се наоѓа детето.


Мрзеливоста кај децата, мислам дека не е вродена особина и ние како родители треба да се потрудиме да ги мотивираме нашите деца да бидат активни, да се научат како да се соочат со неуспех, а како да се борат да постигнат успех. Со тоа нивната самодоверба ќе расте, а нивото на самопочит постојано ќе биде во нагорна линија.


ДОКОЛКУ НИЕ НЕ СМЕ ВО МОЖНОСТ ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА, ТОГАШ БАРЕМ ДА ГИ ПОДГОТВИМЕ НАШИТЕ ДЕЦА ЗА ИДНИНАТА. 

FRANKLIN D. ROOSEVELT

 




No comments:

Post a Comment