СОСТОЈКИ
ЗА 10 ПАЛАЧИНКИ : 1 јајце, 250 гр. брашно, малку сол, 225 ml млеко, 225 ml вода
ЗА ФИЛ И ПРЕЛИВ : 100 гр. спанаќ, 100 гр. печурки Шампињони, 300 гр. фета сирење, 200 гр. шунка исешена на прстени, праз, 200 ml. кисела павлака , сол, бибер, кашкавал ајдамер и масло.
ПОДГОТОВКА
Изматете тесто за палачинки и испечете 10 парчиња. Палачинките нека бидат подебели.
ФИЛ : Обарете го спанаќот, додадете ги печурките, додадете масло. Пропржете, додајте го празот со сол, бибер. Тргнете го од оган, додадете ја шунката, фета сирењето и промешајте ја смесата. Палачинките премачкајте ги со фил кој претходно сте го припремиле. Замотајте ги палачинките, па ставете ги во огноотпорен сад. Прелијте ги со павлака и рендан кашкавал и десетина минути печете во рерна загреана на 200 степени.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment