Friday, October 25, 2013

ПОСТОИ ЛИ КРИЗА НА СРЕДНИ ГОДИНИ ?




ШТО Е ТОА КРИЗА НА СРЕДНИ ГОДИНИ ?

Кризата на средни години претставува само еден период од нашите животи, кога ние размислуваме, се преиспитуваме и резимираме, што се сме направиле и постигнале во животот. Многумина ќе бидат задоволни од своите животни успеси, а многумина не. Вторите кога само ќе помислат  на тоа колку години имаат, ќе сфатат дека се наоѓаат во криза на средни години,па ќе се почувствуваат незадоволно. 

ПОСТОИ ЛИ КРИЗА НА СРЕДНИ ГОДИНИ ?

Кризата на средни години не е ништо друго, освен едно од раздобјата во нашите животи кое што бара од нас прилагодување на возраста или нова енергија и напредок. Таа е само премин од едно во друго животно доба и ништо повеќе од тоа.



ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ КАКО ПОЛЕСНО ДА ЈА НАДМИНЕТЕ ОВАА ФАЗА ОД ЖИВОТОТ

1. Никогаш не потенцирајте ги своите години!
Не размислувајте постојано за возраста, правејќи го тоа вие неизбежно стареете. Дозволете си слобода да се однесувате младешки. Иако се наоѓате во вашата на пр. 45-та година од животот, само од вас зависи како ќе се чувствувате и како ќе делувате. Годините не треба да бидат пречка за да бидете исполнети со младешки дух.
2. Не идеализирајте го минатото! 
Многу пати сте ги слушнале и употребиле овие зборови: ах, тоа беа времиња, во мое време или пак, ах сега да бев помлад-а , знам како треба, но дали навистина на младите им оди се така лесно од рака. Нив ги краси младоста и ентузијазмот, но им недостасува доволно животно искуство па, неможат така едноставно да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат и многу често се чувствуваат незадоволни. Луѓето на средни години, пак може да поседуваат младешки дух, но и доволно животно искуство за да делуваат и да направат прогрес во нивните животи.
3. Не си префрлајте себе си дека ништо не сте направиле во животот. 
Не постојат правила според кои на возраст од 40 и некоја година , мора да имате заработено многу или да имате семејство. Секој човек делува кога ќе се почувствува спремен за тоа. Ценете го тоа што го имате, а со помош на животното искуство делувајте и остварете прогрес.
  
Никогаш не е доцна за прогрес ! 
Никогаш не престанувајте да чекорите по патот на успехот !
 
4. Дајте се од себе и уживајте во годините кои што ги живеете. 
Секое животно доба има свои предности и свои недостатоци.
5. Никогаш не велете дека е предоцна за се ! 
Никогаш не е доцна да делувате и да постигнете напредок. Никогаш не е доцна да направите промени кои што позитивно ќе влијаат врз вас. Не постои лошо или добро време за почеток. Секое животно доба е вистинското време за промени. Она што е потребно е да имате силна желба за тоа и да делувате. Само така, без разлика на вашите години, вие ќе можете прогресивно да живеете.
        На крајот, за да вашиот живот биде исполнет, а вие да се чувствувате задоволни и среќни, нека вашите средни години бидат вашиот предизвик и предност, а не недостаток !




-ЖИВОТОТ Е КАКО ДА ВОЗИТЕ ВЕЛОСИПЕД. ЗА ДА БАЛАНСИРАТЕ, ВИЕ МОРА ДА ПРОДОЛЖИТЕ ДА ГИ ВРТИТЕ ПЕДАЛИТЕ И ДА ПРОДОЛЖИТЕ ДА СЕ ДВИЖИТЕ. -

ALBERT EINSTEIN


No comments:

Post a Comment