Thursday, October 17, 2013

КАКО ДА ГИ НАДМИНЕТЕ СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ ?



ПРЕДЛОЗИ КАКО ДА ГИ НАДМИНЕТЕ СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ





  Секое семејство во одредени периоди од своето живеење се соочува со помали или поголеми проблеми кои понекогаш се чини дека се нерешливи, но не постои проблем кој што не може да се реши. Потребно е во таква ситуација да се трага по алтернативно решение.

 И СЕГА СЕ УШТЕ СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ДА ГИ РЕШИТЕ ВАШИТЕ СЕМЕЈНИ    ПРОБЛЕМИ?

ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ

  1. Не обвинувајте се меѓусебно за настанатите проблеми и не го вперувајте прстот обележувајќи го виновникот.Бесот и лутината треба да ги тргнете настрана и целата енергија да ја насочите кон изнаоѓање решение за проблемот.
  2. Доколку во одреден период се соочувате со повеќе од еден проблем , потребно е да анализирате и да направите листа на приоритети. Тоа значи да се зафатите со решавање на оној проблем кој во дадената ситуација е итен односно не трпи одлагање.
  3. Во вакви чувствителни ситуации водени од вашите емоционални чувства лесно може да ги заборавите односно да ги тргнете настрана останатите членови на семејството кои исто така се инволвирани во процесот. За да изнајдете нај соодветно решение потребно е сите членови на семејството да бидат вклучени со свои предлози во решавањето на одреден проблем.
  4. На крајот не опстојувајте на ставот дека можело и поинаку да се разреши проблемот уште пред да настапи. Не губете го залудно вашето време и енергија. Наместо да ја трошите напразно вашата енергија каејќи се за тоа што веќе е направено , насочете се кон решавање на ситуацијата со која што во моментот се соочувате.
СЕТО ОВА НАПРАВЕТЕ ГО ЗА ДА ИЗГРАДИТЕ ПОСВЕТЛА ИДНИНА ЗА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО !


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




 

No comments:

Post a Comment