ШТО Е ТОА ШТО МОЖЕ ДА ВЕ МОТИВИРА ?
2. Откако јасно ќе ги дефинирате вашите желби, зацртајте ги своите цели. Не е доволна само желбата. Вашата желба треба да ја чувствувате како страст, како нешто без што неможете.
3. Бидејќи мотивацијата е процес кој трае и постапно доведува до крајниот успех, следно нешто што треба да направите е акционен план.
ЛУЃЕТО КОИ НЕ СЕ СПОСОБНИ ДА СЕ МОТИВИРААТ СЕБЕ СИ МОРА ДА СЕ СООЧАТ СО ПРОСЕЧНОСТ, БЕЗ РАЗЛИКА НА ТОА КОЛКУ СЕ ИМПРЕСИВНИ НИВНИТЕ ДРУГИ ТАЛЕНТИ.
ANDREW CARNEGIE
4. За да стигнете до крајната цел вие мора да се движите со разумни чекори, во спротивно нетрпеливоста ќе биде вашиот најголем непријател. Таа може само побрзо да ве одвлече од крајната посакувана цел.
5. Следете го вашиот акционен план и не правете големи паузи во преземањето на одредени чекори, затоа што секое одлагање ја зголемува вашата несигурност, ја намалува вашата страст за исполнување на вашите желби, а со тоа вие ќе се соочите со недостиг од мотивација.
6. Вашите мисли нека бидат постојано сосредоточени на тоа што го посакувате, односно на крајната цел која си ја имате зададено. Размислувајте за тоа и визуелизирајте. Додека патувате до вашата крајна дестинација, а тоа е исполнување на вашата неодолива желба, вие постојано треба да се потсетувате на вашите веќе постигнати успеси. Тоа ќе ви помогне да ја потхраните вашата самодоверба која ќе ви овозможи храбро да чекорите кон целта.
7. Менувајте ги вашите веќе востановени навики. Јасно е дека тие тешко се менуваат, но сепак тоа е возможно. Не дозволувајте вашите секојдневни навики да му попречат на вашиот процес на мотивација.
8. Бидете упорни !
Истрајноста е таа која што ќе ве доведе до посакуваната цел. Нормално е да се соочите со поголеми или помали проблеми на патот до целта, но издржете и не се откажувајте, при првата препрека на патот, затоа што само упорните успеваат. Кога ќе почувствувате недостиг од мотивација предизвикан од одредена препрека вашите мисли насочете ги кон крајната цел и придобивките од неа. Постојано мислете на тоа како сте успеале и останете доволно мотивирани.
ЗАТОА ПРЕЗЕМЕТЕ АКЦИЈА !
Преземете разумни чекори со кои ќе се движите напред кон посакуваната цел и бидете упорни затоа што само упорноста е клучот со кој ќе ја отворите вратата на успехот.
НИКОГАШ НЕ ОТКАЖУВАЈТЕ СЕ !
ОСТАНЕТЕ МОТИВИРАНИ !
За тоа што е тоа што може да ве демотивира читајте во постот со наслов:
ШТО Е ТОА ШТО МОЖЕ ДА ВЕ ДЕМОТИВИРА ?
No comments:
Post a Comment