ДАЛИ НАВИСТИНА ЗНАЕТЕ ШТО САКАТЕ ?
Милиони луѓе во светот секојдневно се прашуваат што навистина сакаат , дали се чувствуваат исполнети , задоволни , среќни односно дали го живеат нај добриот свој живот.
ДАЛИ МОЖЕБИ И ВИЕ СТЕ ЕДЕН ОД ОВИЕ МИЛИОНИ ЛУЃЕ ?
Еден од начините да откриете што навистина сакате е да поминувате доволно време со самите себе. Само така ќе можете да го чуете вашиот внатрешен глас. Затоа што само силата на вашиот внатрешен глас може да ви даде одговор на ова прашање.
1. Земете еден лист хартија за да ги запишете нај прво вашите постоечки вештини и таленти, а потоа работите кои сте ги сакале и кои некогаш сте ги правеле, работите кои денес ги сакате и ги правите и на крајот запишете ги работите кои што од секогаш сте ги сакале, но никогаш не сте ги направиле.
1. Земете еден лист хартија за да ги запишете нај прво вашите постоечки вештини и таленти, а потоа работите кои сте ги сакале и кои некогаш сте ги правеле, работите кои денес ги сакате и ги правите и на крајот запишете ги работите кои што од секогаш сте ги сакале, но никогаш не сте ги направиле.
2. Понатаму она нешто што треба да го направите е да им дозволите на вашите мисли слободно да шетаат и можете само да замислите што се може да ви дојде на ум. Едноставно во таа бура од мисли во вашиот ум нај веројатно ќе излезе на површина и она нешто длабоко потонато во вас, што вие го сакате, но не сте свесни за тоа.
3. Понекогаш сте незадоволни од тоа што ви го нуди вашиот живот. Посакувате многу нешта, но тоа не ви оди од рака. Многумина на поставеното прашање што сакаат, веднаш ќе одговорат дека сакаат пари, куќи, автомобили, итн. Многумина и добиваат некои од овие материјални нешта, но дали тоа ги прави вистински среќни?
4. Доколку сте незадоволни од сопствениот начин на живот, не обвинувајте ги другите, не проколнувајте го животот, не велете дека вие сте жртва на вашата сурова судбина ! Затоа што тоа апсолутно не е вистина !
5. Не очекувајте дека светот ќе се промени заради вас. Се што треба да направите е да го пронајдете центарот на вашиот свет и да започнете со промени кај вас лично.Картите се веќе поделени, а вие животот мора да го играте со поделените карти.
ПОСЛЕ СЕ НЕ Е ВРЕМЕ ДА БАРАТЕ НОВО ДЕЛЕЊЕ, ТУКУ ЕДНОСТАВНО ТРЕБА ДА СЕ ЗАПРАШАТЕ И ДА ОТКРИЕТЕ , ШТО ВИЕ НАВИСТИНА САКАТЕ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment