СОСТОЈКИ
500 гр. макарони Дивела, 400 гр. печурки Шампињони, 100 гр. варен спанаќ, 100 гр. сецкани ореви, 150 ml слатка павлака за готвење Хелта, ајдамер, чешне лук, магдонос, масло, сол и бел бибер.
ПОДГОТОВКА
Шампињоните исечени на листови динстајте ги на загреано масло. Кога ќе испари течноста која ја пуштиле, додадете сецкани ореви и кратко пропржете. Додадете слатка павлака, оставете да проврие и тргнете од оган. Помешајте варен спанаќ и сецкан магдонос и додадете сол и бибер. Тестенините сварете ги во посолена вода и исцедете. Послужете ги прелиени со сос од шампињони и рендан ајдамер.
ДОБАР АПЕТИТ!
No comments:
Post a Comment