СОСТОЈКИ
800 гр. филети лосос, крупно мелен бибер, сол, маслиново масло, сончогледово масло, 500 ml томатело, 1 кг. кромид, нане и оригано.
ПОДГОТОВКА
Врз лососот ставете сол и крупно мелен бибер, прелијте со маслиново масло и ставете да стои нај малку половина час. Потоа рибата пропржете ја на загреано масло. Исецкајте го и кромидот на коцки. Пропржете го на загреано масло, додадете толчени ореви, нане и оригано и томатело.На крај во сосот додадете ги пржените лосос филети. 2-3 минути се остава на оган, а потоа топло се сервира.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment