КАКО ЛУКОТ МОЖЕ ДА ГО ПОДОБРИ РАСПОЛОЖЕНИЕТО ?
Истражувајќи го лукот заради неговите позитивни дејства на крвта и холестеролот , за време на испитувањата истражувачите забележале дека кај луѓето кој што јадат лук несомнено постои подобрување на расположението и дека воопшто се чувствуваат многу подобро. Влијанието на лукот за подобрување на расположението посебно ги изненадил германските истражувачи кои неодамна вршеле испитување на специјален препарат со лук на луѓе со висок холестерол. Врз основа на пополнет прашалник, дознале дека испитаниците се чувствувале многу подобро после терапијата со овој препарат. Тие биле помалку уморни , напнати, чувствителни, вознемирени и раздразливи. Оваа дополнителна корист од лукот е значајна и е во потполна спротивност со споредните дејства на многу фармацевтски лекови, нагласуваат истражувачите. Можеби препаратите со лук толку се популарни , велат тие, заради неговото позитивно делување на општата состојба на организмот.
Значи користете лук во вашата исхрана за подобро расположение и подобра општа состојба !
No comments:
Post a Comment