КРОАСАН КИФЛИ
ПОДГОТОВКА
ДОБАР АПЕТИТ !
3 јајца, 3 големи лажици зејтин, 3 мали лажички сол,4 мали лажички шеќер, 1 квасец (коцка) не стасан, 250 ml благо млеко и 250 гр. кисело млеко (500 ml јогурт), 1 кг. брашно, 1 маргарин.
Се се меси и се остава 10 минути да отстои тестото. Потоа се дели на два дела и секој дел на 14 кравајчиња. Од секое кравајче се сука кора со големина на плитка чинија, се премачкува со маргарин и се реди во плитка чинија. Така се прави за сите 14 кравајчиња од првиот дел кои се редат едно врз друго. Последната кора исто да е премачкана со маргарин. Исто се прави и со вториот дел кој се реди во друга чинија. Се остава во обичен фрижидер да стои најмалку 30 минути. Потоа една по една се развлекуваат во кори што поголеми и се виткаат на 4 дела. Така свиткани се развива во кружна кора од која се прават 16 дела и се виткаат како кифлички. Се редат на подмачкан плех. Се оставаат да стасаат и се печат во вжештена рерна на 200 степени, а потоа на 175 степени.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment