Friday, November 22, 2013

7 НАЧИНИ КАКО ДА ИЗГРАДИТЕ ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ ?





КАКО ДА ИМАТЕ ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ ?

Не постои човек кој не посакува за себе прекрасен живот исполнет со задоволства во кои ќе ужива и среќа која ќе биде неизоставен дел од него. За да тој биде онаков каков што вие посакувате, тогаш време е да започнете да носите одлуки во тој правец. Вашиот живот е во ваши раце и се зависи од тоа каков избор ќе направите, да изберете помеѓу среќа или тага, успех или неуспех, храброст или страв, амбициозност или рамнодушност. Можете да изберете по кој пат ќе тргнете во потрага по прекрасен живот. Постојат луѓе кои никогаш не се задоволни од својот живот. Тие сметаат дека постојано треба нешто спектакуларно да им се случува за да бидат среќни и задоволни, без при тоа тие да се трудат нешто да направат за да го добијат посакуваното. Животот ни нуди различни предизвици, но и различни можности. Убавиот живот едноставно не се случува сам од себе, тој се гради ден по ден со залагања, напорна работа и трошка среќа.

СИТЕ НИЕ СМЕ ГРАДИТЕЛИ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ ! 

ЗАТОА ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГРАДИТЕ ЗА СЕБЕ ЕДЕН ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ !




  Постојат многу начини за да изградите прекрасен живот, 
но еве 7 од нив кои ви ги предлагам: 
  1. Инвестирајте во вашата иднина
  2. Бидете отворени за нови знаења
  3. Бидете доволно ангажирани
  4. Следете го вашето рацио и секогаш делувајте во склад со вашите желби, потреби и можности
  5. Предизвиците претворете ги во можности
  6. Не дозволувајте туѓите проблеми, да станат ваши
  7. Пронајдете задоволство во она што го работите

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


"ВИЕ ЖИВЕЕТЕ САМО ЕДНАШ, ДОКОЛКУ ТОА ГО ПРАВИТЕ ДОБРО, ТОГАШ ЕДНАШ Е ДОВОЛНО."


                                                                                                           - MAE WEST -






No comments:

Post a Comment