Friday, November 22, 2013

КАКО ДА ГИ ПРЕТВОРИТЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО МОЖНОСТИ ?




ПРЕТВОРЕТЕ ГИ ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО МОЖНОСТИ !


Секојдневно се соочуваме со предизвици кои што ни ги нуди животот. Многумина пред предизвиците потклекнуваат и сметаат дека не се во состојба да се фатат во костец со проблемите, па во таква ситуација нај лесно им е проблемот да го стават под тепих. Други пак се доволно храбри да се исправат пред предизвиците, да се соочат со проблемите, да изнајдат решение и на тој начин успеваат предизвиците да ги претворат во можности кои ќе им понудат нови животни перспективи.Предизвиците се тие кои не туркаат да ја креираме нашата иднина.
Тие се насекаде околу вас, само треба да им обрнете внимание, да се соочите со нив, да ги претворите во можности, така што ќе ја пронајдете нај добрата можна солуција за решение, и да започнете да живеете еден многу поинтересен и повозбудлив живот.    

НЕ ОГРАНИЧУВАЈТЕ ГИ ПРЕДИЗВИЦИТЕ, ТУКУ ПРЕДИЗВИКАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА.


ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ КАКО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ДА ГИ ПРЕТВОРИТЕ ВО МОЖНОСТИ :
  • Започнете да го трошите вашето време со вистинските луѓе
  • Започнете да се соочувате со вашите проблеми
  • Започнете со примена на контрола
  • Започнете да ја градите вашата среќа, таа за вас нека биде приоритет
  • Започнете да бидете искрени спрема себе, реални, горди и бидете оној што сте
  • Започнете да се фокусирате на нешто конкретно
  • Поставете си временска рамка за соочување и решение на одреден проблем
  • Започнете на вашите идеи и соништа да им давате шанса. Шансата сама не доаѓа, треба да ја создадете
  • Прифатете ги можностите кои ви се нудат во тој момент и предизвиците кои што се дарови кои ќе ви помогнат да растете и да се развивате
  • Натпреварувајте се сами со себе. Бидете инспирирани од другите и ценете ги нивните достигнувања, но да се натпреварувате со нив е губење време. Вие сте во конкуренција само со една личност, а таа личност сте вие.
  •  
    ПРЕДИЗВИЦИТЕ ДОАЃААТ, ПРЕСРЕТНЕТЕ ГИ И ПРЕТВОРЕТЕ ГИ ВО МОЖНОСТИ !
     ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
     ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ !
     
     
     
     




No comments:

Post a Comment