БОЖИЌНО МИНИ ПЕЦИВО
ПОДГОТОВКА
750 гр. брашно, 300 гр. растопен маргарин ( путер ), 5 јајца плус едно за премачкување, 50 гр. шеќер, 2 лажички сол, 1,5 инстант квасец, 0,7 dl млеко. Се замесува меко тесто и се остава да стаса 1 час. Се промесува и пак се остава да стаса 1 час. Потоа се дели на три дела. Едниот се остава за украсување, а од двете третини се прават 20 еднакви делови и од секој се обликува тркалезно лепче и се става на плехот за печење. Одвоеното тесто се развлекува во кора 1,5 cm па со калапчиња се сечат снегулки, елки, срциња, звездички и сл. Лепчињата се премачкуваат со јајце и млеко и потоа им се ставаат украсите. Половина час се оставаат да стасаат, па повторно се премачкуваат со јајце и млеко. Се печат 20-25 минути на температура од 200 степени.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment