МОЖНО ЛИ Е ВАШИОТ БИВШИ ДА ВИ СЕ ВРАТИ ?
Кога сте во потрага по љубовта, таа е апстрактна сама по себе, не можете да ја видите, да ја допрете, да ја научите, да ја добиете како готов производ, но кога ќе ја пронајдете вие добивате конкретни чувства кои што може да ве воздигнат до небо или да ве треснат од земја.
Не постои човек кој не ги искусил овие чувства.
Сте раскинале врска во која сте се вложиле себе си, сега минувате низ период каде вашите емоции се разнишани, вашите мисли конфузни, сметате дека немате сила да продолжите понатаму со својот живот. Постојано во мислите ви одекнува глас кој ви вели дека сакате да ви се врати вашиот бивши. Прашањето што следи е :
Секако дека е можно, но нај прво треба добро да размислите за се, да анализирате и да донесете одлука која вие сметате дека е нај исправна и најдобра за вас.
Откако ќе помине одреден период, а емоционалната бура барем малку ќе стивне, она што треба да направите, е да изградите стратегија што и како ќе правите понатаму.
Не постои човек кој не ги искусил овие чувства.
Сте раскинале врска во која сте се вложиле себе си, сега минувате низ период каде вашите емоции се разнишани, вашите мисли конфузни, сметате дека немате сила да продолжите понатаму со својот живот. Постојано во мислите ви одекнува глас кој ви вели дека сакате да ви се врати вашиот бивши. Прашањето што следи е :
ДАЛИ ВИЕ НАВИСТИНА ТОА ГО САКАТЕ И ДАЛИ ТОА ВО РЕАЛНОСТА Е МОЖНО ?
Откако ќе помине одреден период, а емоционалната бура барем малку ќе стивне, она што треба да направите, е да изградите стратегија што и како ќе правите понатаму.
Нај прво согледајте ги причините кои што довеле до тоа, врската да се раскине. Потоа важно е на каков начин се случило раскинувањето, кој е иницијатор за разделба, можеби вашата или гордоста на вашиот партнер ве спречува да ја продолжите врската. Можеби после се што се случувало во врската, разделбата дошла како логичен след на сето тоа. Можеби сте направиле пауза на предлог на вашиот партнер кој само барал начин како да се оддалечи од врската, а вие сте ја прифатиле оваа пауза мислејќи дека со тоа врската ќе ви се зацврсти. Според мене правењето пауза е голема грешка, а оној кој ја предлага го тестира партнерот колку може да издржи без него.
Секако дека е можно во одредени случаи вашиот бивши да ви се врати, но она што е неопходно да го направите е да размислите, дали тоа за вас претставува вистинското решение, после се. Јасно е дека љубовта не исчезнува заедно со прекинувањето на врската, чувствата не може преку ноќ да ги снема, никој нема магична гумичка па да ги избрише, но тие се измешани додека трае периодот на себе наоѓање и стабилизирање. Затоа додека се навраќате на миговите од вашата врска и анализирате симнете ги розевите очила и не ги идеализирајте нештата, затоа што сите ние повеќе го сакаме она што сме го изгубиле, отколку она што сме го имале.
Размислете и за тоа каков ви бил животот додека сте биле со партнерот. Не барајте нелогични, неприфатливи и нереални оправдувања за одредени непримерни постапки и однесувања од страна на вашиот партнер. Доколку такви постојат, тешко е ова да го прифатите, но можеби сега е времето кога навистина треба да е крај и животот да ви биде подобар без вашиот бивши.

После сите анализи што ќе ги направите, ако сепак сакате и чувствувате дека вашиот бивши треба да ви се врати, тогаш еве неколку мои предлози :
- без емоционални уцени
- без љубоморни сцени
- без губење на вашето достоинство
- без молење, плачење, врескање
- без играње игри
- не бидете нападни и нестрпливи
- не прифаќајте нејасни и нереални ветувања од страна на вашиот бивши
- кажете прости ми или жал ми е, доколку треба да кажете
- не се навраќајте на лошите моменти од минатото, и неповторувајте ги постојано моментите на раскинувањето
- зборувајте за вашата иднина необременета од вашето минато
- приредете интимна романтична вечер ................................................................... оставам на вас да го дополните списокот на предлози според вашата конкретна ситуација.
ПОСЛЕ СЕ ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ПОСИЛНИ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
"ЉУБОВТА Е МНОГУ ПОУБАВА ОД СОНОТ, А МНОГУ ПОЛОША ОД КОШМАРОТ."
- William Shakespeare -
No comments:
Post a Comment