Wednesday, November 20, 2013

КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА УСПЕШНИТЕ ЖЕНИ ?




КОЈА Е ТАЈНАТА НА УСПЕШНИТЕ ЖЕНИ ?

Сите ние секојдневно се трудиме и сме повеќе или помалку успешни, секој во својата област, но некој навистина се издвојуваат од останатите по нивните забележителни успеси, додека други неможат ниту да си го организираат денот.

Се прашувате која е тајната на овие успешни жени ?

Всушност не постои магично решение за успех, но постојат одредени нешта
кои ги карактеризираат успешните жени.


КОИ СЕ ТИЕ НЕШТА ?


  • храброст да се обидат.  
Тие се доволно храбри да се обидат да постигнат одреден успех. Подготвени се да се соочат со предизвиците кои ќе се испречат пред нив. Дури и кога нема да успеат, тие повторно храбро ќе се исправат и ќе продолжат да чекорат по патот на успехот, побогати за едно искуство.
  •  добро информирани, едуцирани и со доволно искуство.  
Современиот начин на живот наметнува едно силно темпо кое секоја жена која што сака да биде успешна, мора да го следи и да биде добро информирана, едуцирана и со доволно искуство, ако сака да успее во било која област, затоа што само така ќе може да се избори за место меѓу успешните.
  • добро организирани. 
Животот на современата жена е многу динамичен, исполнет со многубројни секојдневни работни и семејни обврски. Жената мора добро да се организира за да може да балансира помеѓу работните и семејните обврски, а со тоа да не се изложува на стресни ситуации кои би имале негативно влијание врз неа. 
  • ангажирани.  
Успешните жени се активни на повеќе полиња, а тоа ги одржува да останат упорни и во добра социо-психолошка кондиција. Постојаните ангажмани допринесуваат жената да остане цврста и да не го изгуби интересот за постигнување успех.
  • амбициозни.  
Тие се амбициозни и точно знаат што сакаат да постигнат. Ја следат својата амбиција без оглед на тоа што се треба да жртвуваат за да го постигнат посакуваниот успех.
  • самоуверени.  
Тие се свесни за своите квалитети и знаат себе си правилно да се вреднуваат, па со тоа се и доволно самоуверени. Кога настапуваат тие се полни со самодоверба која што можеби е клучна за да се биде успешен во било која област.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ ! 
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




" ТЕШКО Е КОГА ЌЕ ДОЖИВЕЕТЕ НЕУСПЕХ, НО УШТЕ ПОЛОШО Е , 
АКО НИКОГАШ НЕ СЕ ОБИДЕТЕ ДА ПОСТИГНЕТЕ УСПЕХ. "

                                                                            - THEODORE ROOSEVELT -





No comments:

Post a Comment