Saturday, November 23, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ КОМПИР НА ШВАЈЦАРСКИ НАЧИН ?



КОМПИР НА ШВАЈЦАРСКИ НАЧИН


СОСТОЈКИ

800 гр. варени и излупени компири, масло, 2 јајца, 150-200 ml. млеко, 3-4 лажици рендан кашкавал ( биено сирење или некое друго тврдо сирење ), трошки од леб, парче путер.


ПОДГОТОВКА

Компирите се сечат на тенки парчиња и се редат во подмачкан огноотпорен сад. По редењето се преливаат со следниот прелив: 2 јајца добро се матат со малку сол, се мешаат со млекото и ренданиот кашкавал. Садот се протресува за течноста да навлезе во сите слоеви од компирот и се пече во рерна со парченца путер. Готово е кога ќе добие убава црвена боја и се служи со салата по желба.



ДОБАР АПЕТИТ !




No comments:

Post a Comment