ДА КАЖЕМЕ НЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ !
Денес се одбележува 25 ноември меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.Насилството врз жените и девојчињата претставува најчест облик на кршење на човековите права. Насилството врз жените е непочитување на нивните основни слободи и човекови права. Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените , 25 ноември е прогласен со одлука на Обединетите Нации во знак на сеќавање, на сестрите Мирабел, кои биле брутално убиени во Доминиканската Република во 1960 год. Тие делувале со револуционерни активности и се бореле за демократија и правда. На 25 ноември ликвидирани се од страна на тајната полиција.
Податоците говорат дека една од три жени во текот на својот живот доживеале физичко или сексуално насилство. Секоја втора жена е жртва на психичко насилство. Секоја петта жена е жртва на физичко насилство. 55,4 % се согласиле да бидат пасивни, односно да го трпат насилството, а 80% од жените повторно се враќаат кај насилникот заради економски причини. Жената е најчесто жртва на семејно насилство. Семејното насилство според меѓународните конвенции и од страна на владите е дефинирано многу пошироко од само физичко насилство. Дефиницијата ја вклучува и психолошката, сексуалната и економската злоупотреба. Под поимот семејно насилство не се подразбира само злоупотреба so секаков акт на насилство од страна на брачниот другар, туку тоа може да биде од било кој друг член на семејната заедница.
Меѓународниот ден за борба против насилството врз жената 25 ноември, е уште една можност да се укаже на овој проблем и за напорите што се прават во правец за негово сузбивање и заштита на основните човекови права и слободи на жената загарантирани со уставот,законите и меѓународните акти ратификувани од страна на нашата држава.
По повод одбележувањето на 25 ноември во светот и кај нас се одржуваат низа манифестаци, а симбол кој се носи е бела лента.
ЗАТОА МОРА ДА КАЖЕМЕ СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНАТА !
No comments:
Post a Comment