Saturday, November 30, 2013

КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ШТО ВЕ ПРАВИ СРЕЌНИ ?



ШТО Е ЗАБЛУДА, А ШТО ВИСТИНА ЗА ТОА ШТО НЕ ПРАВИ СРЕЌНИ ?


Сите ние среќата ја доживуваме на свој начин и имаме различни очекувања од неа. Секој од нас треба сам да го побара својот извор на среќа. Некому се доволни мали нешта за да биде среќен, додека други имаат големи очекувања и секогаш се во потрага по среќа. Среќата е насекаде околу нас,сите ние сме опкружени со среќа, само треба да станеме свесни за тоа. За да бидеме среќни не значи дека треба добро да функционираме во сите сегменти од животот, доволно е само да уживаме во сите убави моменти кои што ни ги нуди тој.

Постојат многу заблуди за тоа што е среќа.

 ЕВЕ НЕКОЛКУ ЗАБЛУДИ И ВИСТИНИ ЗА СРЕЌАТА
  • Заблуда е дека среќните луѓе се секогаш среќни. Вистина е дека тие се чувствуваат задоволни, а повремено се среќни. Ваквите луѓе кои знаат да бидат среќни, исто така се способни да бидат и многу тажни и да поднесат големи разочарувања.
  • Заблуда е дека не може да се биде среќен, ако сте сами. Вистина е дека среќата е индивидуална работа и дека не зависи од околностите, туку само од нашиот став спрема нив
  • Заблуда е дека другите се посреќни од вас. Вистина е дека сите имаат проблеми и предизвици со кои се соочуваат, но вистина е и дека сите имаат убави и среќни моменти. И среќните луѓе не се поштедени од болка, препреки, проблеми, грижи итн. Затоа уживајте во вашите убави моменти од животот.
  • Заблуда е дека секоја среќа е краткотрајна. Вистина е дека одредени нешта кои не прават во моментот среќни завршуваат, но вистина е и дека доаѓаат постојано нови и убави и неубави моменти. Ние се навикнуваме и на убавите и на неубавите, но за да се чувствуваме среќни треба постојано да се навраќаме на среќните моменти кои сме ги доживеале, на сите нешта кои сме ги направиле и сме се чувствувале задоволно, исполнето и среќно. Само така ќе го продолжиме чувството на среќа.
  • Заблуда е дека среќата е поврзана со парите. Вистина е дека за задоволување на основните животни потреби парите се важни, а за се друго важен е вашиот став за тоа што може да ве усреќи. 
  • Заблуда е дека ако имате повеќе слободно време ќе бидете посреќни. Вистина е дека луѓето кои се поактивни и ангажирани на повеќе полиња се посреќни и се чувствуваат поисполнето, додека луѓето со вишок време се пасивни и незадоволни.
  • Заблуда е дека среќата ја имаш или ја немаш. Вистине е дека секој треба да ја пронајде својата среќа, а тоа ќе го постигнете со желба која ќе биде реална и остварлива, со акција, реализација и упорност. 
На крајот не постои таен рецепт за среќа и еден единствен пат до неа, туку потребно е секој да чекори по својот пат и да открие што е тоа што може да го направи среќен.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



" МНОГУ МАЛКУ Е ПОТРЕБНО ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ, ТОА СЕ НАОЃА ВО СЕБЕ И ВО ВАШИОТ НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ."
                                                          - MARCUS AURELIUS -



No comments:

Post a Comment