Tuesday, November 19, 2013

5 НЕШТА КОИ ЌЕ ВЕ ОДРЖАТ ВО ДОБРА ФОРМА И НА ЕСЕН ?



КАКО ДА ЈА ОДРЖИТЕ ДОБРАТА ФОРМА И ДОБРОТО 
РАСПОЛОЖЕНИЕ И НА ЕСЕН ?


 Длабоко сме навлезени во есента и полека сончевите денови кои ни ги подари природата си заминуваат, но тоа нека не ве растажува. Постојат начини како да ја сочувате добрата форма и доброто расположение, па дури и ако надвор е многу студено или пак врне дожд.


 Колку и да сте зафатени потрудете се да одвоите време за грижа на вашето тело. Направете се што е возможно за да изгледате привлечно, па дури и обврските да ве притискаат со полна сила, организирајте го вашето време така да ви останат моменти само за себе. За да бидете во хармонија со себе си и со околината, за да бидете енергични и расположени следете ги петте нешта кои ќе ви помогнат да ја одржите добрата форма и доброто расположение на есен.

1. Одржувајте ја вашата фигура. 
 
И покрај секојдневните обврски најдете слободно време за да ја одржите добрата форма, така што ќе излегувате на прошетки во природа барем еден час. Возете велосипед секогаш кога временските прилики ви го овозможуваат тоа, затоа што тоа ги зацврстува мускулите на нозете и на задникот и го активира одбрамбениот механизам на телото. Доколку сакате можете да се обидете и со часови по аеробик, пилатес, зумба, фитнес и сл. Сето ова ќе ви помогне да останете во добра форма и ќе го стимулира доброто расположение.

2. Хранете се здраво. 

За да ги исфрлите токсините од вашиот организам јадете јаболки кои содржат минерали, костени кои се исклучително богати со фосфор, магнезиум и калциум. Не го заборавајте и сезонскиот зеленчук кој ќе ви ја зголеми енергијата, и за добро расположение внесувајте јаглени хидрати.


 3. Потрудете се да го задржите доброто расположение. 

 Наутро кога ќе се разбудите присетете се на 4 пријатни нешта кои ќе го подобрат вашето расположение, а вие ќе се чувствувате поубаво. На пр. насмевката на вашето дете, прекрасните есенски цветови во вашата градина или на тераса, забавните случки кои ги раскажува вашата колешка, топлата бања навечер пред спиење и сл. Обидете се да го задржите убавото расположение преку целиот ден.  Радоста допринесува да се лачат хормоните на среќата. Серотонинот се повишува и вие се чувствувате расположено. По завршувањето на работните обврски релаксирајте се слушајќи музика или гледајте добар филм. 


  4. Не се нервирајте за небитни нешта. 

 Обидете се да не придавате значење на небитни нешта кои може да ви го расипат расположението. Понекогаш се случуваат несакани случки кои можат да ве извадат од контрола , како на пример сте се скарале со продавачката , па целата треперите. Продолжете и не обрнувајте внимание на тоа и слични нешта кои може да доведат до тоа да почувствувате негативна енергија и да влијаат на целото ваше расположение. Сосредоточете се на остатокот од денот и на оние нешта кои ви остануваат како дневни обврски. Секогаш имајте полна концентрација на она што го правите во моментот, апстрахирајќи се од се останато, што е небитно. 


  5. Посветете внимание на вашиот партнер. 

 Многу парови кои се подолго во брак претпочитаат вечерите да ги поминуваат гледајќи телевизија во спалната соба. Телевизорот во спалната соба е убиец на страста, затоа тргнете го и посветете внимание на вашиот сопруг. Разговарајте повеќе, разменувајте нежности и бидете сигурни дека тоа дејствува добро и за телото и за душата.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



      


No comments:

Post a Comment