Thursday, November 28, 2013

КАКО ДА ГО ОСВЕЖИТЕ ВОЗДУХОТ ВО ДОМОТ ?



ОСВЕЖЕТЕ ГО ВОЗДУХОТ ВО ДОМОТ

Со доаѓањето на студените есенски денови, започна и затоплувањето на домовите, а сувиот воздух станува голем проблем за сите нас, особено за оние кои имаат респираторни проблеми. Сувиот воздух ја суши косата, кожата, а им смета и на собните билки како и на мебелот. Постојат повеќе начини како да го освежите воздухот во домот.


ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ

  • во близина на грејните тела држете сад со вода или влажни памучни крпи
  • на ребрата од радијаторот држете испарувач на вода. во водата можете да сипете неколку капки етерично масло на лимун кој ќе шири пријатен и свеж мирис.
  • доколку имате проблеми со дишењето, во садот со вода додадете неколку капки еукалиптус или нане.
  • во недостаток на етерично масло, на радијаторите ставете корка лимун, портокал или мандарина.
  • бидејќи собните билки го прават воздухот повлажен, сите соби исполнете ги со нив ( фикус, филадендрон, дрво лимун и др. ) освен собите за спиење.
  • редовното проветрување на сите простории е најдобро решение. неколку пати во текот на денот држете ги прозорците отворени барем по 5 минути.
  • внимавајте да не претерате со влажноста на воздухот, бидејќи тоа пак може да предизвика појава на габички, мувла и бактерии.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ








No comments:

Post a Comment