Tuesday, November 5, 2013

КАКО СПАНАЌОТ МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОДОБРИ РАСПОЛОЖЕНИЕТО?



 СПАНАЌ ЗА ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Дали некогаш сте слушнале дека спанаќот е добар лек за депресија ?
Или пак дека сте депресивни, затоа што не јадете доволно грав или спанаќ ?


Медицинската литература изобилува со податоци кои говорат за недостаток на фолна киселина кај луѓето кои воопшто или многу ретко јадат спанаќ и други намирници кои содржат фолна киселина, а особено кај жените предизвикува психички пореметувања, особено депресија, но и деменција и шизофренија. Фолната киселина е еден витамин од групата Б, кој е изолиран од зелениот лиснат зеленчук. На научниците им е добро познато дека фолната киселина може да делува антидепресивно. Тие имаат се повеќе докази дека недостатокот на фолна киселина може да допринесе да имаме депресивно расположение, а доколку внесуваме доволно количество фолна киселина во организмот депресијата да исчезне, односно да бидеме добро расположени. Недостатокот на фолната киселина предизвикува пад на нивото на серотонин во мозокот.
Вршени се разни испитувања кои покажале дека кај пациентите кои намерно се лишувани од фолна киселина запаѓале во несоница, заборавност и раздразливост после пет месеци. Откако витаминот бил надокнаден во исхраната овие пречки воглавном исчезнувале за само два дена.
Истражувачите сметаат дека 200 до 500 микрограма фолна киселина на ден може да допринесе депресијата да биде совладана кај некои чувствителни луѓе. Тоа е количина која лесно се надокнадува со храна. Високи количини на фолна киселина, предупредува др. Јанг, можат да бидат токсични.



Затоа не чекајте !
Започнете да ги применувате овие мали совети за големи промени !


 

No comments:

Post a Comment