КАКВА Е ЕМОЦИОНАЛНАТА СОСТОЈБА КАЈ ДЕЦАТА КОИ ЖИВЕЕАТ СО РОДИТЕЛ АЛКОХОЛИЧАР ?
Децата кои што живееат и растат во семејства каде што има алкохоличар, во принцип се изложени на поголем ризик да имаат емоционални проблеми, отколку оние чии родители не се алкохоличари.Веројатноста да станат и тие алкохоличари е голема. Многу деца на алкохоличари доживеале некој облик на злоставување. Детето има конфузни емоционални чувства со кои тоа самостојно не може да се справи. Во таков случај детето се чувствува осамено, незаштитено, безпомошно и запаѓа во се поголема емоционална криза.
НЕКОИ ОД ЧУВСТВАТА СО КОИ СЕ СООЧУВА ДЕТЕТО СЕ :
- чувство на вина.Тоа смета дека е виновно, односно одговорно за тоа што едниот од родителите е алкохоличар.
- чувство на страв.Чувствува постојан страв од насилство во семејството предизвикан како последица на пијанството на еден од родителите.
- чувство на срам од состојбата дома, па воопшто не кани другари дома или не бара помош од нив, само за да ја сокрие сликата за семејството.
- чувство на разочараност од тоа дека некој од родителите е алкохоличар и губење на верба во било кој и во било што.
- Во ниеден момент детето не знае што може да очекува од однесувањето на својот родител. Однесувањата на родителот алкохоличар се променливи, од ситуација каде на детето ќе му искажува неизмерна љубов, до ситуација каде ќе искаже голема лутина и агресија, без оглед на тоа какво е однесувањето на детето. Во вакви семејства дневната рутина не постои. Се што се прави се прави без востановени правила и редослед.
- детето може да чувствува и лутина, па дури и гнев спрема другиот родител кој што не е алкохоличар, сметајќи дека не му дава доволна заштита во семејството и дека тој родител не вложува доволно напори за да се справи со ситуацијата со која се соочува семејството.
- чувство на безпомошност и осаменост кое што води кон депресија.
Сето ова детето го чува длабоко потиснато во себе, како нај голема тајна која што никој не смее да ја дознае. Некои деца од вакви семејства за одреден период можат да ја контролираат ваквата ситуација и емотивно да ја поднесат, но подоцна кога ќе станат возрасни ќе излезат на површина нивните емоционални проблеми.
На децата од вакви семејства им е неопходно потребна помош од страна на нивните роднини, наставници како и стручна помош од социјални работници, педагози и психолози.
No comments:
Post a Comment