КАКВА ШМИНКА ОДГОВАРА ЗА РУСОКОСИ ?
Постои разлика во шминкањето на русокоси, бринети или црнки. Затоа еве неколку мали совети како да се нашминкате доколку сте русокоси.
Кога станува збор за нанесување подлога или течна пудра за да се изедначи тенот, тогаш треба да изберете светла или малку жолтеникава нијанса. Руменилото исто така треба да биде со посветли тонови. Светло розева или праска боја е најдобриот избор за вас русокосите. Очите би требало да ги нашминкате со потемни бои како , темно сина и зелена. Сенки со светки исто така се добар избор за русокосите, затоа што на очите им даваат посебен сјај. За усните изберете кармин со праска боја или светли нијанси на капина. Усните ќе имаат неодолив забележителен ефект доколку врз карминот нанесете сјај за усни со светки.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ !
No comments:
Post a Comment