Tuesday, November 26, 2013

КАКВА МОЌ ИМА ЗЕЛКАТА ?



МОЌТА НА ЗЕЛКАТА



Во стариот Рим зелката ја сметале за лек против ракот. Содржи многубројни антиканцерогени и антиоксидантни состојки. Го забрзува метаболизмот на естрогенот. Се смета дека дејствува против ракот на дојка и дека го стопира растот на полипите, кои се вовед во рак на дебелото црево. Студиите покажале дека јадењето зелка почесто од еднаш седмично го намалува ризикот кај мажите за добивање рак на дебелото црево за 66 %. Исто така е утврдено дека само две лажици варена зелка на ден штити од рак на желудник. Содржи состојки кои делуваат против чир. Има антибактериско и антивирусно дејство. Кај некои луѓе може да предизвика гасови. Киселата зелка пак може кај некој да предизвика мигренозни главоболки. 
НАПОМЕНА : Некои состојки со антиоксидантно, антиканцерогено и естрогенскио делување ( особено индоли ) се уништуваат со варење. Сировата зелка, на пр. салата од сецкана зелка, има појако дејство.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




No comments:

Post a Comment