Saturday, November 9, 2013

КАКВА МОЌ ИМА ЈОГУРТОТ ?



МОЌТА НА ЈОГУРТОТ !



Јогуртот има многу моќно дејство врз имуниот систем на човекот. Затоа ако ништо друго не преземате за да го зајакнете вашиот имунитет, тогаш барем пијте јогурт почесто. Јогуртот е ефикасен борец против болестите. Одамна е познато дека јогуртот може да ги убие и онеспособи бактериите. Поновите истражувања покажуваат дека јогуртот делува така што ја подобрува работата на целиот имунилошки систем. Студијата што е правена од страна на др. Халпери покажала дека оние кои што за време од 4 месеци пиеле по две шољи јогурт на ден имале во крвта пет пати повеќе гама интерферони, кои што делуваат против инфекции, за разлика од оние кои што воопшто не пиеле јогурт. Друга пак студија на др. Халпери , која траела една година, покажала дека внесување на само 2,5 децилитри јогурт дневно штити и спречува настинка, поленска кивавица и дијареа и кај младите и кај повозрасните. Научниците сметаат дека јогуртот има и противканцерогено дејство. Др. Симека докажал дека јогуртот го стимулира имуниот систем до таа мера што го запира ракот на белите дробови кај глувците.   Дури и загреван јогурт, кај кој на тој начин е уништено повеќе од 95 проценти на живите култури , спречувал појава на рак.



Заради моќното дејство на јогуртот, започнете да ги применувате овие мали совети за големи промени и јогуртот нека биде ваш омилен напиток !



No comments:

Post a Comment