СОЛЕНА ТОРТА
СОСТОЈКИ
500 гр. лиснато тесто, 200 гр. сирење кравјо, 500 ml кисела павлака, 200 гр. исецкана шунка, 100 гр. рендан кашкавал, 2 јајца, 20 гр. путер, брашно и сол
ПОДГОТОВКА
Сирењето изгмечете го, павлаката изматете ја со јајцата, додадете половина изрендан кашкавал и исецкана шунка, посолете по вкус, па се соединете. Развлечете го лиснатото тесто на 5 mm дебелина, па со него обложете го дното и зидовите на садот за печење и избоцкајте го со вилушка. Одозгора ставете го подготвениот фил и печете во рерна околу 20 минути на 200 степени. Премачкајте ја тортата со павлака, посипете ја со рендан кашкавал и шунка.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment