Saturday, November 23, 2013

КАКО ДА СЕ ШМИНКАТЕ АКО СТЕ ЦРНКА ?



КАКВА ШМИНКА ОДГОВАРА ЗА ЦРНОКОСИ ?

Постои разлика во шминкањето на русокоси, бринети или црнки. Затоа еве неколку мали совети како да се нашминкате доколку сте црнка.


Доколку сте црнокоса со светол тен , тогаш треба да користите течна пудра во нијанса на вашата боја на кожа. Доколку сте со потемен тен немате голема потреба од користење на пудра, а инаку темниот тен бара употреба на пудра со потемни нијанси.За образите користете кафени нијанси или килибар, цимет или цигла. Кога станува збор за тоа како да ги нашминкате вашите очи, тогаш вам ви прилегаат речиси сите бои. Тоа ќе го усогласите со бојата на вашите очи и остатокот од шминката. За усните изберете светло розе кармин или корални нијанси.Бојата на карминот треба да биде усогласена со бојата на руменилото. За вечерни излегувања можете да користите кармин со боја на јагода. Исто така можете врз карминот да нанесете сјај кој на усните ќе им дадат полност и со тоа вие ќе бидете неодоливо маркантни.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


 

No comments:

Post a Comment