Wednesday, November 6, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ПИЛЕШКА САЛАТА СО МАКАРОНИ?



ПИЛЕШКА САЛАТА СО МАКАРОНИ

СОСТОЈКИ

500 гр. пилешки гради, 4 моркови, 8 кисели краставички, 500 гр. ситни макарони, зеленчукова коцка за супа, 2 лажици сенф, 500 гр. мајонез, 200 гр. павлака, 2 варени јајца, сол, црн бибер и магдонос


ПОДГОТОВКА

Коцката за супа ставете ја во зовриена вода и сварете го пилешкото. Сварете ги морковите и макароните. Исечете го месото на коцки и иситнете го на конци. Се додаваат ситно исецканите моркови, краставички, макароните, сенф, мајонез, сол и црн бибер по вкус и магдоносот. Од кога ќе се измеша смесата се додаваат рендани јајца и павлаката.






ДОБАР АПЕТИТ !



No comments:

Post a Comment