ГАРНИРАНО ПИЛЕШКО
СОСТОЈКИ
1 пиле или 4 батака се варат, магдонос по желба, мало лажиче вегета, сол, бибер, оригано, 1 павлака, 100 гр. кашкавал, печурки.
ПОДГОТОВКА
Кога ќе се свари месото се кине и се реди во огноотпорен сад. Во остатокот од водичката во која се вареле батаците се прави бешамел сос. Се става зејтин да се вжешти и во него се става две лажици брашно да се спржи. Водичката, брашното и зејтинот се ставаат во тенџерето и заедно со сето тоа се додава зарзаватот ( магдонос, оригано ). Врз месото се става овој сос, а врз него печурките и павлаката. На крајот се става 100 гр. кашкавал и се пече без капак, да се зацрвени кашкавалот.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment