НАМАЛЕТЕ ЈА УПОТРЕБАТА НА СЛАТКИ ВО ИСХРАНАТА НА ДЕЦАТА !
Познато е дека омилена храна на децата се слатките. Но познато е исто така дека за правилен раст и развој тие треба секојдневно да внесуваат разновидна храна богата со витамини, протеини, јаглени хидрати, масти. Предуслов за здрава храна на децата е да им се понуди храна во која се застапени сите основни прехрамбени состојки. Детето треба дневно да пие 1/2 л. млеко како и други млечни производи заради калциумот и за правилен раст и развој. Месо би требало да се дава 1-2 оброка дневно или како замена може да се понуди јајце, џигерчиња или сирење. Месото треба да биде со намалени маснотии како на пр. риба, телешко, мисиркино месо. Овошјето и зеленчукот треба да биде секојдневно застапено во исхраната на децата. Овошјето може да се внесува свежо, но и сушено во вид на компоти и овошни сокови. Житариците се посебно здрава храна особено житариците со сушено овошје бидејќи содржат природни витамини и железо. Добро е да се внесува црн леб. Нутриционистите препорачуваат и две до три ужинки. Прескокнувањето на појадокот е се почеста појава, но никако не смеете да го пуштите вашето дете без да појадува, затоа што на училиште ќе биде деконцентрирано и ќе чувствува умор.
Кога станува збор за слатките, тие не спаѓаат во групата на здрави и хранливи намирници, па затоа треба умерено да се конзумираат. Доколку вашето дете јаде многу слатки тоа ќе чувствува ситост, а нема да внесе ниедна хранлива состојка неопходна за правилен раст и развој. Слатките го убиваат апетитот и за да ја намалите нивната употреба, потребно е кај децата уште од најмала возраст да ја развивате навиката за здрава храна. Не треба слатките да ги исклучите потполно од исхраната на детето, затоа што во тој случај потребата за слатки ќе стане уште поголема.
Што всушност треба да направите ?
Еве неколку мали совети :

- не создавајте залихи на слатки дома, туку на суво овошје, мешунки и свежо овошје кое ќе им го понудите како замена за слатките
- кога им давате слатки треба строго да се придржувате кон правилата кои вие сте ги одредиле за количината. На пример : неколку колачиња, два реда чоколадо и сл., и не попуштајте на молбите од вашето дете за повеќе.
- понудете им слатки само за десерт, а никако за ужинка
- не користете ги слатките како награда
На крајот, зошто сето ова е важно ?
Слатките влијаат на промената на расположението, на цревната флора, штетни се за забите и коските, а ако детето секојдневно јаде слатки постои голем ризик дека ќе биде гојазно или уште полошо може да добие дијабетис и кардиоваскуларни болести.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment