Sunday, November 24, 2013

КАКО ДА СЕ ШМИНКАТЕ АКО СТЕ БРИНЕТА ?



КАКВА ШМИНКА ОДГОВАРА ЗА БРИНЕТИ ?

Постои разлика во шминкањето на русокоси, бринети или црнки. Затоа еве неколку мали совети како да се шминкате доколку сте бринета.


Доколку имате светол тен треба да изберете жолтеникава нијанса за подлога. Најдобра нијанса на течна пудра за вас бринетите е онаа која ќе се поклопи со вашата боја на кожа откако ќе ја нанесете. Изборот секогаш правете го на дневна светлина за да не направите грешка па да предизвикате спротивен ефект. За образите користете светло розе или пастелно црвена. За бринетите не постојат никакви ограничувања кога станува збор за изборот на сенки за очи. Бојата на карминот секогаш треба да биде во склад со бојата на руменилото за образи. Светло розе или црвени нијанси на кармин идеално ви прилегаат. Врз карминот можете да нанесете и сјај за усни со што целокупниот ваш изглед ќе биде повпечатлив.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

No comments:

Post a Comment