Tuesday, November 26, 2013

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ КАНЕЛОНИ СО СПАНАЌ ?



ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНИ КАНЕЛОНИ СО СПАНАЌ

СОСТОЈКИ

ТЕСТО : 200 гр. брашно, 2 јајца, 2 лажички масло, малку сол

ФИЛ : лажица гриз, 2 пакувања замрзнат спанаќ од по 300 гр. или свеж, 200 гр. сирење, 50 гр. рендан пармезан, 1 чешне лук, бибер, сол, мускат оревче и 2 лажици маслиново масло, базиликум.

БЕШАМЕЛ СОС : 30 гр. путер, 30 гр. брашно, 250 ml. млеко, половина чаша кисела павлака.

ДОМАТЕН СОС : 2 мали главици кромид, 2 лажици масло, 1 мала конзерва доматно пире или кечап, зачини. 


ПОДГОТОВКА

Да се измешаат брашното, јајцата, масло и сол. Прво да се меша со миксер, а потоа со раце добро да се измеси тестото. Додадете масло доколку тестото е многу суво. Оставете да отстои еден час, а потоа развлечете тенки кори. Треба да има 12 листови со димензии 5 х 7,5 цм. Посолете со гриз, покријте со чист чаршав и оставете да отстои. За тоа време да се измеша обарениот спанаќ со сирењето, пармезанот, исецканиот лук и зачините. Додадете малку маслиново масло и базиликум.
Бешамел направете од загреано, но бело брашно на путер и млеко со кисела павлака. Треба постојано да се меша за да сосот не се направи со грутки.
Доматниот сос да се направи од пасиран и пропржен лук, кечап или доматно пире и зачини. 15 минути да се вари на тивок оган. 
Секој лист да се намачка и да се филува со спанаќот и да се завиткаат ролни. Во садот во кој е доматниот сос ставајте ги ролатите со работ одоздола. Прелијте со бешамел сосот и додадете рендан пармезан. Се пече 35 минути во рерна на 225 степени.




ДОБАР АПЕТИТ !







No comments:

Post a Comment