КРЕМ ЧОРБА СО ШАМПИЊОНИ
СОСТОЈКИ
800 гр. шампињони, 30 гр. брашно, 120 гр. маргарин, 1/2 л. млеко, 4 dl. супа од коцка, 8 лажици кисела павлака, парче леб исечено на триаголници и пропржени во путер, сол и црн пипер.
800 гр. шампињони, 30 гр. брашно, 120 гр. маргарин, 1/2 л. млеко, 4 dl. супа од коцка, 8 лажици кисела павлака, парче леб исечено на триаголници и пропржени во путер, сол и црн пипер.
ПОДГОТОВКА
Исчистените и измиени шампињони се сецкаат на тенки парчиња и се пропржуваат во 70 гр. маргарин. Од останатиот маргарин и брашно се приготвува светла запршка, при што постојано се меша и тоа на ниска температура.Се налева со млеко и се остава да се вари околу 15 минути. Потоа се процедува, се додаваат супата од коцка и печурките. Се посолува, се додава црн пипер и се става на оган кусо време да се вари по што се додава измешаната павлака. Се служи со пропржените триаголници од леб.
ДОБАР АПЕТИТ !
No comments:
Post a Comment